Визија

Визијата на АВИЦЕНА ДОО Скопје e да стане водечка регионална организација од oбласта на маркетинг, дистрибуција, продажба и сервис на ин витро дијагностички тестови, реагенси, опрема и потрошен лабораториски материјал и препознатлив бренд во здравствениот сектор во Р.Македонија.

Мисија

Мисијата на АВИЦЕНА ДОО Скопје e да се потврди како одговорна компанија со соодветна интеракција со корисниците во комбинација со најновите сознанија од областа на маркетинг, дистрибуција, продажба и сервис на ин витро дијагностички тестови, реагенси, опрема и потрошен лабораториски материјал. Да обезбеди високо ниво на професионализам, имплементација на нови иновативни ин витро дијагностички методи и маркетинг решенија, синергетски однос со добавувачите и континуирана едукација на вработените како најважни услови за задоволство на крајните корисниците и подобрување во целокупното бизнис дејствување.

Во АВИЦЕНА ДОО Скопје преку воведениот системот за управување со квалитет во склад со барањата на стандардот ISO 9001:2008, се овозможува реализација на дејностите со максимално исполнување на превземените активности кон корисниците, секогаш и на секое место.