НОВОСТИ

2012

40-ти Октомвриски средби и V-ти конгрес на Сојуз на Здруженија на медицински лаборанти на РМ

Охрид,

Авицена дијагностика беше генерален покровител на 40-тите Октомвриски средби и V-тиот Конгрес на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на РМ со меѓународно учество, кои се одржаа во Охрид, во периодот од 03-07.10.2012 год.

Во рамките на Средбите, беше одржан и Симпозиум на микробиолози, во организација Здружението на микробиолози на РМ. На овој симпозиоум, Авицена зема активно учество сo предавање на тема:  „ Иновативна Multiplex Reat-Time PCR технологија во детекција на различни патогени".

03

Октомври
2012

Лабораториска контрола во процес на производство на вино

Авицена дијагностика

Задоволство ни е да Ве информираме дека на ден 03.05.2012 год., Авицена организираше предавања на тема:

„Значење на интерната хемиска и микробиолошка контрола во процесот на производството на вино ”

03

Мај
2012

Состанок на тема Значење на интерната хемиска и микробиолошка контрола во процесот на производство

Авицена дијагностика

Задоволство ни е да Ве информираме дека на ден 29.03.2012 год., Авицена организираше предавања на тема:

„Значење на интерната контрола на квалитет во производството на храна во согласност со HACCAP концептот ”

29

Март
2012

Контрола на квалитет во микробиолошките лаборатории

Авицена дијагностика,

Задоволство ни е да Ве информираме дека Авицена организираше предавања на тема:
 
„Обезбедување на контрола на квалитет во микробиолошка лабораторија во согласност со ISO 17025 стандардот ”

15

Март
2012

Medonic M Series хематолошки анализатори во трансфузиологијата

Boule Medical, AB Sweden

Реномираниот производител на хематолошки анализатори Boule AB од Шведска, чиј екслузивен застапник за територијата на Р.Македонија е Авицена, лансираше нова линија на бројачи на крвни елементи, посебно наменети за трансфузиолошките лаборатории.

Се работи за уникатни карактеристики на самиот инструмент и софтвер, кои се однесуваат на:

24

Февруари
2012
2011

Стручен состанок на здружението на лекари по општа медицина на Р.Македонија

ГОБ 8-ми Септември

Задоволство ни е да Ве информираме, дека и оваа година, на 30.11.2011 година, со почеток во 13.00 часот, Авицена беше покровител и организатор на стручниот состанок на здружението на лекари по општа медицина на Република Македонија.

Состанокот беше одржан во просториите на ГОБ 8-ми Септамври во Скопје, а теми и предавачи на истиот беа:

30

Ноември
2011

7-ми Балкански конгрес на микробиолози-Microbiologia Balкanica 2011

Белград

Задоволство ни е да Ве информираме дека Авицена беше активен учесник на Седмиот Балкански Конгрес на микробиолози, кој се одржа во Белград, Р.Србија, во периодот од 25-29.10.2011 година.

Во наша организација, се реализираше групно патување, сместување и учество на конгресот за најголемиот број на  доктори - специјалисти по микробиолoгија, од територијата на целата држава.

25

Октомври
2011

Циклус предавања на тема Pneumoslide Pneumoslide-типично решение за атипични патогени

Скопје

Во текот на месец септември и првата половина на октомври, Ацвицена одржа циклус на предавања на тема „ Pneumoslide-типично решение за атипични патогени", во неколку поликлиники во Здравствениот Дом на Скопје

15

Октомври
2011

Контрола на храна- новитети, актуелности, согласност со ЕУ регулативи

сала Борис Трајковски, Скопје

Задоволство ни е да Ве информираме дека Авицена дијагностика организира стручно предавање на тема:

„ Контрола на храна-новитети, актуелности, согласност со ЕУ регулативи"

на ден. 18.05.2011 год.(среда), со почеток во 12.00 часот., во конгресната сала на спортскиот центар  Борис Трајковски.

18

Maj
2011

Siemens Healthcare Diagnostics BN ProSpec System

Неопходен за секоја имунолошка лабораторија, BN ProSpec е комплетно автоматизиран анализатор, кој ја користи веќе докажаната технологија на нефелометрија, за анализа на широка палета на протеини. Како примерок може да се користи серум, плазма, урина, цереброспинална течност, и тоа различни видови примероци истовремено.

Менито на тестови нуди широк спектар на рутински и специфични плазма протеини, неопходни за за рана дијагноза и следење на пациенти со бубрежни заболувања, анемии и метаболизам на железо, моноклонални гамопатии и други клинички важни состојби.

25

Април
2011

Симпозиум „ХПВ Инфекции и асоцирани болести"

Holiday Inn, Скопје

На 25.03.2011 во хотелот Holiday Inn во Скопје, со почеток во 09.00 часот се одржа симпозиум на тема „ ХПВ ИНФЕКЦИИ И АСОЦИРАНИ БОЛЕСТИ - ДИЈАГНОЗА, ПРЕВЕНЦИЈА, ТРЕТМАН".

Авицена дијагностика беше генерален спонзор на овој симпозиум, во организација на Здружанието за ХПВ на Македонија, Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Македонското здружение на патолози и други стручни здруженија. Истиот е акредитиран при МЛД и ЛКМ за континуирана медицинска едукација.

25

Март
2011