НОВОСТИ

Лабораториска контрола во процес на производство на вино

Задоволство ни е да Ве информираме дека на ден 06.04.2017 год., Авицена организираше работилница на тема:

1. Начини на контрола на хигиена во производство › Методи за брза детекција на хигиена (теоретски дел) › Практична работа со апарат AccuPoint™ Advanced 2. Контрола на производствениот процес на вина (ензимски тестови) › Можни решенија за мали, средни и големи винарии. › Практична работа со автоматски анализатор за вина – Chemwell (тест за гликоза фруктоза и вкупен SO2)

На предавањето и работилницата кои се одржаа во просториите на Авицена дијагностика беа присутни над 20 претставници од различни винарии од државата, како и претстваници од референтни лаборатории. Присутните имаа можност директно да се запознаат и да работат со AccuPoint Advance - единствен систем со АОАC сертификат за екстерна валидација и радиофрекфрентна технологија за мониторинг на хигиена со кој се врши валидација на ефективноста на санитарната програма (HACCP) преку мерење на количината на ATP на површини и испирни води.

Присутните имаа можност и практично да погледнат изведување на ензимски тестови за одредување на квалитет на виното (одредување на D-гликоза, D-фруктоза и вкупен SO2 во вино). Станува збор на тестови од врвниот светски производител R-Biopharm, одобрени и валидирани од многубројни интернационални организации за квалитет (AOAC, CEN, IFU, IDF, ISO, OIV), како аналитички алатки за анализа на прехранбени производи. На крајот од предавањето и работилницата дружењето беше неизоставен дел заедно со пригодно организиран коктел.