НОВОСТИ

Авицена дијагностика со учество на ECCMID 2017

Задоволство ни е да Ве информираме дека традиционално како и секоја година, дел од тимот на Авицена дијагностика учествуваше на 27-миот Европски Конгрес за Клиничка Микробиологија и Инфективни Заболувања - ECCMID 2017, кој се одржа во периодот од 22ри-25ти Април во Виена, Австрија.

Во рамките на Конгресот, д-р спец. Иванка Хаџи-Петрушева Мелоска, шеф на микробиолошката лабораторија во Авицена Лабораторија имаше директно учество со постер презентација на тема „INCIDENCE OF CHLAMYDIA TRACHOMATIS INFECTION IN HIGH RISK HUMAN PAPILLOMAVIRUS INFECTED YOUNG WOMEN“.

Со рекордна посетеност досега, со над 200 сесии, повеќе од 100 симпозиуми, над 20 едукативни работилници, овој настан преставуваше одлична можност за споделување на досегашните, но и за запознавање со нови трендови и достигнувања во клиничката и индустриската микробиологија.

Тимот на Авицена имаше можност да ужива и во културното и историско богатство на Виена, со посета на неколку значајни места и објекти во околината.