НОВОСТИ

Стручен состанок на тема „Неинвазивен пренатален скрининг со PRISCA софтвер“

На 16.09.2015 год. (среда) во сала Билјана, хотел Метропол со почеток од 17.30 часот, во заедничка организација на Авицена дијагностика и ПЗУ Дарон се одржа стручен состанок на тема „Неинвазивен пренатален скрининг со PRISCA софтвер“.

На состанокот присуствуваа лекари гинеколози и матични лекари од регионот и беше одлична можност за запознавање со карактеристиките на самиот софтвер, биохемиските параметри кои се користат во различна гестациска недела, важноста на ултразвучните мерки како и заболувањата (хромозомопатии) за кои се користи овој скрининг.