НОВОСТИ

Авицена со учество на 19-ти интернационален состанок на Дунавската лига за тромбоза и хеморагични заболувања

Почитувани, Ве известуваме дека во периодот од 18-20.05.2017 година во хотел Александар Палас се одржа 19-тиот интернационален состанок на Дунавската лига за тромбоза и хеморагични заболувања во организација на Здружение на здравствени работници и соработници кои ги згрижуваат лицата со хемофолија и други коагулопатии.

Во оваа прилика, Авицена учествуваше со изложбен штанд на кој сите присутни имаа можност да се запознаат со новитетите и модерните достигнувања во лабораториската медицина од областа на трансфузиологијата, од производителот Siemens Healthcare Diagnostics, Оlerup, Boule Medical AB и други врвни светски производители.