НОВОСТИ

22ри Меѓународен Конгрес за клиничка хемија и лабораториска медицина (EuroMedLab)

Во периодот од 11-15.06.2017 година, во Атина се одржа 22-риот Меѓународен Конгрес за клиничка хемија и лабораториска медицина (EuroMedLab), 25-тиот Конгрес на Балканска Клиничка Лабораториска Федерација и 15-тиот Национален Конгрес на GSCC-CB. Дел од тимот на Авицена, заедно со група наши соработници, активно учествуваа на овој Конгрес, кој обедини на едно место еминентни професори, водечки интернационални предавачи и опинион-лидери во областа на лабораториската медицина. Конгресот беше одлична можност да се научат и разменат сите нови достигнувања во областа на биохемиската дејност, нејзиниот напредок, стандардизација и контрола на квалитет.

Workshop-овите на еминентни светски производители на лабораториска техничка опрема нудеа можност за запознавање со најновата технологија од областа на биохемијата со која најквалитетно, најточно и по стандарди ќе се добијат конечните резултати. Богатата програма, размената на искуства и активните дискусии овозможија збогатување и проширување на знаењата, кој ќе бидат од корист во секојдневната лабораториска пракса.