НОВОСТИ

Авицена и Здружение на лекари „Примариус“ со стручен состанок во Куманово

Почитувани,

Ве информираме дека на 17.10.2017 во организација на Авицена и Здружение на лекари „Примариус“ беше одржан стручен состанок на тема „Атипични респираторни инфекции“.

Овој состанок беше акредитиран од Лекарската Комора како стручен состанок и ги опфати сите аспекти на респираторните инфекции - причинители, клинички аспекти на заболувањата, современи тестови и методи за дијагноза.

На овој состанок кој се одржа во клуб-ресторан Версус во Куманово присуствуваа над 70 доктори.

Посебен акцент беше даден на тестот Pneumoslide од производителот Vircell од Шпанија, за дијагноза на атипични респираторни инфекции.

Богатата програма, размената на искуства и активните дискусии овозможија збогатување и проширување на знаењата, кој ќе бидат од корист во секојдневната лабораториска пракса.