НОВОСТИ

Авицена дијагностика со учество на X Балкански Конгрес на микробиолозите - Microbiologia Balkanica 2017

Почитувани,

Задоволство ни е да Ве информираме дека дел од тимот на Авицена дијагностика учествуваше на X Балкански Конгрес на микробиолозите - Microbiologia Balkanica 2017, кој се одржа во Park hotel Moskva, Софија во периодот од 16-18-ти Ноември 2017 година.

Овој настан преставуваше одлична можност за споделување на досегашните, но и за запознавање со нови трендови и достигнувања во клиничката и индустриската микробиологија.