НОВОСТИ

Дел од тимот на Авицена дијагностика на стручно усовршување во Германија

Почитувани,

Задоволство ни е да Ве информираме дека дел од тимот на Авицена дијагностика учествуваше на едукативен состанок организиран од страна на Siemens Healheneers за промоција на ePOC Blood Analysis System, Point of Care систем за гасни анализи.

Едукативниот состанок се одржа во периодот од 15-17ти Ноември 2017 во Франкфурт, Германија и беше одлична прилика за проширување на тековните знаења и збогатување со нови во полето на Point of Care инструменти.