НОВОСТИ

Авицена дијагностика покровител на интерсекциски стручен состанок на Здружението на трансфузиолози на РМ и Здружението за перинатална медицина на РМ

Ве информираме дека на ден 25.04.2018 год. со почеток во 14.00 часот, во салата на амфитеатарот во Деканатот на Медицински факултет  - Скопје под покровителство на Авицена се одржа стручниот состанок на Здружението на трансфузиолози на РМ и Здружението за перинатална медицина на РМ.

Во оваа прилика, Авицена одржа презентација на тема „Нови можности за следење на антиагрегационата терапија и детекција на нарушена тромбоцитна функција“ со која беа промовирани новитетите и модерните достигнувања во лабораториската медицина од областа на трансфузиологијата, од производителот Siemens Healthcare Diagnostics.