НОВОСТИ

Авицена со учество на Симпозиум „Highlights in Acute Coronary Syndrome“

Авицена беше дел од Симпозиумот „Highlights in Аcute Coronary Syndrome“ одржан во периодот од 4-5.09.2018 година во хотел Александар Палас, Скопје.

Авицена учествуваше со изложбен штанд на кој беа презентирани два современи POC инструменти од производителот Siemens Healthcare Diagnostics и предизвикаа особено внимание кај присутните:

INNOVANCE PFA 200 System - Прецизен и доверлив систем со уникатна технологија, за брза и едноставна детекција на нарушувања на функцијата на тромбоцитите и следење на третманот со антиагрегациона терапија.

XPrecia Stride - Рачно пренослив коагулациски анализатор наменет за употреба до непосредна близина на пациентот, за мониторинг на PT/INR од капиларна крв.