НОВОСТИ

Авицена ДОО со донација на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство-Скопје

Со особено задоволство ве информираме дека Авицена дијагностика се приклучи кон донаторската кампања „Сите ние, пријатели на бебињата" на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, со донација на возило, потребно за транспорт за новородените.

Во согласност со нашата мисија, за постојано унапредување на здравствената заштита на повисоко ниво, особено сме среќни што можеме да помогнеме на новороденчињата и предвремено родените деца, како една од најранливата категорија пациенти.

Авицена дијагностика во рамките на својата програма за општествена одговорност и во иднина ќе се грижи за подобрување на условите и потребите на корисниците на здравствени услуги, онаму каде што е потребно.