НОВОСТИ

Авицена со учество на 26-тиот Конгрес на Балканска Клиничка Лабораториска Федерација


Ве информираме дека Авицена ДОО беше златен спонзор на 26-тиот Конгрес на Балканска Клиничка Лабораториска Федерација, кој се одржа од 3-5 Октомври, 2018 година во хотел Александар Палас, Скопје.

Во рамките на конгресот Авицена ДОО учествуваше со изложбен штанд и усна презентација на кои беа промовирани новитетите и модерните достигнувања во лабораториската медицина од областа на клиничката биохемија на производителот Siemens Healthneers. Презентацијата на тема „The Atellica®  Solution - A game changer“ ја одржа Drago Arzensek  - дел од тимот на Siemens Healthneers. 

Конгресот беше одлична можност да се научат и разменат сите нови достигнувања во областа на лабораториската медицина, нејзиниот напредок, стандардизација и контрола на квалитет.