НОВОСТИ

Авицена покровител на Симпозиум „Хламидии“ во организација на Здружението на микробиолози на Македонија

На ден 22 март, 2019 година, во х.Александар Палас, по покровителство на Авицена ДОО, а во организација на Здружението на микробиолози на Македонија се одржа Симпозиум на тема„ Хламидии”.

На симпозиумот се одржаа неколку предавања, чија цел беше продирање во суштината на инфекциите со Хламидија и сексуално-преносливите инфекции како глобален здравствен проблем, се даде осврт на различниот серолошки имун одговор кај возрасни и деца кон Legionella pneumophila, Mycoplasma pneumoniae и Chlamydia pneumoniae и се презентираа податоци за Chlamydia pneumoniae, како фактор на ризик за коронарна артериска болест.

Присутните можеа да се запознаат и со најновите трендови во лабораториската дијагностика. На оваа тема свое излагање имаше д-р Даниела Наунова Спироска од Авицена ДОО, со посебен акцент на Amplex - Еazyplex® системот, современ портабл инструмент за молекуларна детекција на патогени и антибиотска резистенција, директно од примерок, за 15-30 минути.

Во рамките на овој Симпизиум, беше одржана и промоција на книгата „ Хламидии- тивки и подмолни енергетски паразити” од авторите Татјана Грданоска и Никола Пановски, од Институтот за микробиологија и паразитологија,  Медицински факултет, Универзитет „ Св.Кирил и методиј“-Скопје.

Улогата на промотор ја имаше проф. д-р Гордана Јанковска, а свое обраќање имаа и рецензентите: проф.д-р Милена Петровска, проф.д-р Ирена кондова-Топузовска, проф.д-р Љубица Георгиевска-Исмаил.