НОВОСТИ

Авицена со учество на ECCMID 2019

Традиционално, дел од тимот на Авицена учествуваше на 29-тиот Европски Конгрес за Клиничка Микробиологија и Инфективни Заболувања - ECCMID 2019, кој се одржа во периодот од 13-16 Април во Амстердам, Холандија.

Со рекордна посетеност досега, над 13.000 учесници од 128 земји, повеќе од 150 сесии вклучувајќи 8 главни предавања, над 22 едукативни работилници, овој настан преставуваше одлична можност за споделување на досегашните, но и за запознавање со нови трендови и 
достигнувања од обласра на клиничката и индустриската микробиологија, со посебен акцент на антимикробната резистентност и сепсата.

Тимот на Авицена имаше можност да ужива и во културното и историско богатство на Амстердам.