НОВОСТИ

Авицена со учество на LabQuality’19

Авицена Дијагностика учествуваше на настанот LabQuality’19 кој се одржа на 15 Април 2019 во хотел Александар Палас.



Овој настан во организација на Здружение на Медицински Лаборанти Клинички Центар Скопје понуди богата и разновидна програма и презентации на најновите вести и новини од лабораториската медицина.



Во оваа прилика, Авицена го презентираше “Stratus® CS 200 Acute Care™
Analyzer“ - целосно автоматизиран инструмент за квантитативна анализа на
срцеви маркери, како и новитетите и модерните достигнувања во
лабораториската медицина од областа на трансфузиологијата и клиничка
биохемија од производителот Siemens Healthcare Diagnostics.



Како и секогаш, дружењето и забавата беа неизоставен дел и од овој настан.