НОВОСТИ

Авицена со учество на EUROMEDLAB 2019

Како и секоја година, и оваа година, дел од тимот на Авицена учествуваше на  23.Европски Конгрес за лабораториска медицина и клиничка хемија EUROMEDLAB 2019, кој се одржа во периодот од 13-19 Maj во Барселона, Шпанија.
 
Со рекорден број на 1560 презентирани трудови од 83 земји, овој конгрес ги опфати сите области од лабораторискаста медицина, овозможувајќи им на присутните да се запознаат со сите новости и трендови во лабораториската медицина.

Бројот од над 6000 учесници говори за тоа дека научната и едукативна програма на овој Конгрес претставува одлична можност за размена на академски знаења, како и уникатна можност за посета на изложбени штандови на светски производители на ин витро дијагностичка опрема, реагенси и материјал.