НОВОСТИ

Работилница за микробиолошка контрола на храна

Задоволство ни е да Ве информираме дека во периодот од 26-27.06.2019 година, Авицена ДОО организираше работилници на тема:

“НАЈСОВРЕМЕНИ ПРИСТАПИ ЗА МИКРОБИОЛОШКА КОНТРОЛА НА ХРАНА СОГЛАСНО ПРАВИЛНИКОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА И ВАЖЕЧКИОТ ИСО 16140 СТАНДАРД”

На предавањето и работилницата кои се одржаа во просториите на Авицена дијагностика беа присутни над 60 претставници од различни прехрамбени индустрии од државата, како и претставници од референтни лаборатории. Присутните имаа можност директно да се запознаат и да работат со AccuPoint Advanced - единствен систем со АОАC сертификат за екстерна валидација и радиофрекфрентна технологија за мониторинг на хигиена со кој се врши валидација на ефективноста на санитарната програма (HACCP) преку мерење на количината на ATP на површини и испирни води.

Преку практичен дел исто така на работилницата беше презентиран и ANSR – автоматизиран апарат за контрола на микробиолошка безбедност на храна.

На крајот од предавањето и работилницата дружењето беше неизоставен дел заедно со пригодно организиран коктел.