НОВОСТИ

Работилница за микробиолошка контрола на храна

На 13 Февруари во просториите на Авицена ДОО се организираше работилница на тема: „Детекција на микотоксините - како да се справите со новата загрижувачка криза со микотоксинот ДОН во регионот?”

Сите присутни има можност да дознаат што се тоа микотиоксини и какви последици имаат по здравјето, законските регулативи поврзани со истите (максимално дозволени концентрации, каде се испитуваат, особени аспекти на узоркување на микотоксини), како и за моменталната состојбата со микотоксинот ДОН во регионов. 

На практичниот дел на работилницата посебен акцент беше даден на типовите на аналитички постапки за квантификација на микотоксини, а сите присутни имаа можност директно со помош на тестовите на Авицена ДОО да детектираат евентуално присуство на микотоксини во одредени примероци.

На крајот од предавањето и работилницата дружењето беше неизоставен дел заедно со пригодно организиран коктел.