НОВОСТИ

21. Меѓународен Конгрес за клиничка хемија и лабораториска медицина

Во периодот од 21-25.06.2015 год., во Париз се одржа 21. Меѓународен Конгрес за клиничка хемија и лабораториска медицина. Самото мото на конференцијата „ Р-Еволуција во лабораториската медицина" беше уште еден начин да се прикаже клучната улога на лабораториската медицина во секојдневниот третман на пациентите.

Дел од тимот на Авицена, заедно со група наши соработници, активно учествуваа на овој Конгрес, кој обедини на едно место еминентни професори, водечки интернационални предавачи и опинион-лидери во областа на лабораториската медицина.

Во рамките на ова патување, групата имаше можност да ужива во убавините на Париз, не само како еден од главните интернационални истражувачки центри од областа на медицината, туку и во целата негова културно-историска оригиналност и архитектура.