НОВОСТИ

5-ти Меѓународен научен собир „ Денови на ветеринарна медицина 2014"

Во организација на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот Св. "Кирил и Методиј" Скопје, во периодот од 05 – 07.09.2014 во хотел Метропол, Охрид се одржа 5-тиот Меѓународен научен собир „ Денови на ветеринарна медицина 2014".
Богатата програма на овој научен собир нудеше единствена можност за пленарни предавања, научни презентации и дискусии во врска со следните теми: безбедноста на храната, јавното здравство, здравствената заштита, репродукцијата и благосостојбата на животните.

Стручниот тима на Авицена дијагностика како еден од генералните спонзори на 5-тиот Меѓународен научен собир „ Денови на ветеринарна медицина 2014" имаше и свое предавање на тема:

„ Идентификација на анимални протеини, ГМО, алергени и витамини во храна – безбедносни аспекти, законски регулативи во ЕУ и Македонија“

Посебен акцент на предавањето беше ставен на висококвалитетните дијагностички тестови, реагенси и инструменти од областа на микробиологијата кои ги нуди Авицена  дијагностика – екслузивен застапник на водечки производители од оваа област: Siemens Healthcare Diagnostics, R-biopharm, Oxoid, Microbiologics, Тhermo Fisher Scientific и др.