НОВОСТИ

Авицена спонзор на V-от Конгрес на микробиолозите на Македонија

Почитувани,

Во името на Здружението на микробиолозите на Македонија (ЗММ) и Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет, УКИМ, Скопје, а воедно и како спонзори на овој голем настан, ни претставува особено задоволство и чест да Ве поканиме на V-от Конгрес на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество, што ќе се одржи во Охрид од 28-31 Мај 2014 година.

Научната програма ќе биде фокусирана на одбрани пленарни предавања, симпозиуми,  тркалезни маси, усни и постер презентации од широкото поле на микробиологијата, а се очекува учество на микробиолозите од сите области и докторите кои се вклучени во дијагностика, терапија и превенција на инфекции и инфективни болести.

Овој собир ќе ја продолжи традицијата на одржување конгреси на микробиолозите во Македонија (во 1997, 2002, 2006 и 2009 година), на кои учествуваа претставници од 12 до 16 европски и светски држави.

Се надеваме дека научниот програм, возбудливите и незаборавни друштвени активности, како и убавините на градот Охрид и Охридското езеро ќе бидат доволно мотивирачки за да не почестите со Вашето учество.

Сите релевантни податоци и информации за конгресните настани, можете да ги најдете на следнава веб страна http://www.microbiology.congres.mk