НОВОСТИ

Авицена дијагностика покровител на стручниот состанок на здружението на трансфузиолози на Македонија

Задоволство ни е да Ве информираме дека на ден 16.12.2015 год. со почеток во 13.00 часот, во Light Club Restaurant  - Скопје под покровителство на Авицена се одржа стручниот состанок на здружението на трансфузиолози на Македонија. 

Овој облик на континуирана медицинска едукација беше насловен како „Новини во трансфузиолошката пракса“.  Во оваа прилика, Авицена ги презентираше новитетите и модерните достигнувања во лабораториската медицина од областа на трансфузиологијата, од производителот Siemens Healthcare Diagnostics.

XPrecia Stride коагулацискиот анализатор од производителот Siemens Healthcare Diagnostics е нов, рачно пренослив инструмент, кој дава резултати за PT/INR од примерок на капиларна крв. Станува збор за прецизен, лесно-употреблив, рачно-пренослив инструмент, зо зголемени карактеристики за безбедно работење, создадени за поголема заштита на операторот за време на тестирањето.

Повеќе информации за анализаторот на следниов линк.

Како и секогаш, дружењето и забавата беа неизоставен дел и од овој настан.