НОВОСТИ

Aвицена дијагностика со учество на ECCMID 2016

Задоволство ни е да Ве информираме дека традиционално како и секоја година дел од тимот на Авицена дијагностика учествуваше на 26-тиот Европски Конгрес за Клиничка Микробиологија и Инфективни Заболувања - ECCMID 2016, кој се одржа во периодот од 09-12ти Април во Амстердам, Холандија.

Со рекордна посетеност досега, со над 200 сесии, повеќе од 100 симпозиуми, над 20 едукативни работилници, овој настан преставуваше одлична можност за споделување на досегашните, но и за запознавање со нови трендови и достигнувања во клиничката и индустриската микробиологија.

Целата група имаше можност да ужива и во културното и историско богатство на Амстердам, со посета на неколку значајни места и објекти во околината.