НОВОСТИ

Авицена дијагностика со учество на XX Конгрес за медицинска биохемија и лабораториска медицина со меѓународно учество

Почитувани, задоволство ни е да Ве информираме дека дел од тимот на Авицена дијагностика и Авицена Лабораторија учествуваше на XX Конгрес за медицинска биохемија и лабораториска медицина со меѓународно учество, кој се одржа од 25-27 Мај 2016 година во “Hyatt Regency“ во Белград, Србија.

Конгресот се одржа под покровителство на Меѓународната федерација за клиничка хемија и лабораториска медицина IFCC (International Federation of Clinical Chemistry and Laboratory Medicine), Европската федерација за клиничка хемија и лабораториска медицина – EFLM (European Federation of Clinical Chemistry and Laboratory Medicine) и Балканската клиничка лабораториска федерација BCLF (Balkan Clinical Laboratory Federation).

На Конгресот беа одржани бројни секции и предавања посветени на најновите сознанија и примената на новите биохемиски маркери во лабораториската медицина, улогата на токсиколошкиот, фармакокинетичкиот и биохемискиот аспект на примена на лековите, значењето на оксидативниот стрес и болестите на современиот човек, примена на молекуларните биомаркери за дијагностика и следење на терапевтски одговор кај имунилошки болести, како и современи методолошки пристап во лабораториската медицина преку примена на LC MS/MS техника во клиничко-лабораториската пракса, PCR методологија во молекуларната дијагностика, како и примена на препораките на СЗО во стандардизација на процедурата за изработка на спермограм.

Богатата програма, размената на искуства и активните дискусии овозможија збогатување и проширување на знаењата, кој ќе бидат од корист во секојдневната лабораториска пракса.