НОВОСТИ

Работна посета на компанијата Thermo Fisher Scientific – OXOID во Германија

Во периодот од 15.06.2016 до 18.06.2016 година, дел од тимот на Авицена, заедно со група на комитенти, беа во посета на компанијата Thermo Fisher Scientific - OXOID во Wessel Германија.

Во рамките на посетата тимот имаше можност на лице место во самата фабрика да се запознае со процесот на производство на готовите микробиолошки подлоги, како и со целиот процес на контрола на квалитет во секој од чекорите на производството.

Групата имаше прилика да ужива и во убавините на градовите Wessel и Dusseldorf заедно со дел од вработените во OXOID.