НОВОСТИ

VI-ти Конгрес на Сојуз на Здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија

Почитувани, задоволство ни е да Ве информираме дека Авицена дијагностика учествуваше на 6-тиот Конгрес на Сојуз на Здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија, а воедно и на 44-тите Октомвриски средби, стручен собир на медицинските лаборанти, кои се одржаа во Хотел Дрим, Струга во периодот 06-09 Oктомври.

Конгресот понуди богата и разновидна програма, поделена помеѓу поканети предавања и паралелни усни и постер сесии, како и технички демонстрации и презентации на најновите вести и новини од лабораториската медицина.

Во оваа прилика, Авицена ги презентираше новитетите и модерните достигнувања во лабораториската медицина од областа на трансфузиологијата, од производителот Siemens Healthcare Diagnostics.

XPrecia Stride коагулацискиот анализатор од производителот Siemens Healthcare Diagnostics е нов, рачно пренослив инструмент, кој дава резултати за PT/INR од примерок на капиларна крв. Станува збор за прецизен, лесно-употреблив, рачно-пренослив инструмент, зо зголемени карактеристики за безбедно работење, создадени за поголема заштита на операторот за време на тестирањето.

Повеќе информации за анализаторот на следниов линк.

Како и секогаш, дружењето и забавата беа неизоставен дел и од овој настан.