НОВОСТИ

24-ти Конгрес на Балканска Клиничка Лабораториска Федерација

Тимот на Авицена Дијагностика заедно со група од 20 соработници учествуваа на 24-тиот Конгрес на Балканска Клиничка Лабораториска Федерација и 4-та албанска национална конференција за клиничка биохемија и лабораториска медицина, која ќе се одржа од 5-7 октомври, 2016 година во Тирана, Албанија.

Конгресот беше одлична можност да се научат и разменат сите нови достигнувања во областа на биохемиската дејност, нејзиниот напредок, стандардизација и контрола на квалитет.

На конгресот свои предавања за најновите достигнувања во областа на лабораториската дејност имаа еминентни професори од областа на клиничката биохемија од преку 20 земји.

Workshop-овите на еминентни светски производители на лабораториска техничка опрема нудеа можност за запознавање со најновата технологија од областа на биохемијата со која најквалитетно, најточно и по стандарди ќе се добијат конечните резултати.

Богатата програма, размената на искуства и активните дискусии овозможија збогатување и проширување на знаењата, кој ќе бидат од корист во секојдневната лабораториска пракса.