• 3gAllergy: најнова, трета генерација алерготестови
• CE, FDA сертифицирани
• Тестирање преку крв - квантитативно одредување на повеќе од 400 алергени
• Можност за комбинација на алергени по сопствен избор (лекови, инхалативни и нутритивни алергени, инсекти и нивни отрови, алергени од животна и работна средина). На следниот линк може да го погледнете целиот избор на алергени.
- детекција на многу ниски нивоа (0.10 kU/L)
- брзи резултати - за 1 час, независно од бројот на алергени
- калибриран согласно WHO 75/502 for human IgE
- одлична прецизност и точност
• Овозможува идентификација, следење и третман на пациентите со алергии
• Одобрени од AAAAI* / EAACI*

Раната и точна дијагноза на секоја алергија е основа за ефикасен третман. Денес, алергиите се прифатени како глобален јавно-здравствен проблем, поврзани со намалена училишна и работна продуктивност. Затоа, стандардот за грижата на пациентите се насочува кон употреба на ин витро дијагностички тестови, кои претставуваат водич за успешна терапија со раната и прецизна детекција на причинителот на самата алергија.

3gAllergy™- Методологија

Течните алергени на Siemens Healthcare Diagnostics се клучни за специфичноста и веродостојноста на 3gAllergy™. Нивната растворливост го зголемува бројот на сврзувачки места, а со тоа и достапноста за алерген-специфични IgE антитела.

Детекција на хемилуминисцентен сигнал => зголемена сензитивност

* American Academy of Allergy Asthma and Immunology
* European Academy of Asthma, Allergy and Clinical Immunology

Повеќе >>

Можност за добивање на концентрација на Специфични IgE на: лекови, хемикалии и алергени од работна и животна средина, инхалаторни алергени, нутритивни алергени (вклучувајќи зачини и адитиви), инсекти и нивни отрови, како и паразити и бактерии.
Користењето на моќниот софтвер овозможува компјутерска интерпретација на интензитетот на алергиската реакција во 6 класи и точна концентрација на Специфични IgE антитела изразена во IU/ml.