Close
Пребарување
Filters

Авицена со учество на Симпозиум „Highlights in Acute Coronary Syndrome“

Авицена со учество на Симпозиум „Highlights in Acute Coronary Syndrome“

Авицена беше дел од Симпозиумот „Highlights in Аcute Coronary Syndrome“ одржан во периодот од 4-5.09.2018 година во хотел Александар Палас, Скопје.

Авицена учествуваше со изложбен штанд на кој беа презентирани два современи POC инструменти од производителот Siemens Healthcare Diagnostics и предизвикаа особено внимание кај присутните:

INNOVANCE PFA 200 System - Прецизен и доверлив систем со уникатна технологија, за брза и едноставна детекција на нарушувања на функцијата на тромбоцитите и следење на третманот со антиагрегациона терапија.

XPrecia Stride - Рачно пренослив коагулациски анализатор наменет за употреба до непосредна близина на пациентот, за мониторинг на PT/INR од капиларна крв.