Close
Пребарување
Filters

Клиничко значење на анализа на Витамин Д

Што е витамин Д и зошто е важен ?

Витаминот Д е хормон растворлив во масти, кој е вклучен во цревната апсорпција на калциум и фосфор, нормална минерализација на коските и раст и развој на коскеното ткиво.

Недоволното ниво на овој витамин го менува метаболизмот на овие минерали, што предизвикува ниска минерална густина на коските и го зголемува ризикот од губитокот на коскена маса или скршеници.

Недостаток на витамин Д одамна е поврзан со рахитис кај деца и остеомалација кај возрасни, а долгорочниот недостаток на калциум и витамин Д доведува до остеопороза.

Vitamin D

Освен тоа, витаминот Д регулира многу други клеточни функции. Неговите антивоспалителни, антиоксидантни и невропротективни својства ја поддржуваат состојбата на имунолошкиот систем, мускулната функција и активноста на мозочните клетки.

Во последниве години, се повеќе се истакнува улогата на витамин Д како индикатор за општата здравствена состојба и има повеќе студии што поврзуваат недоволно ниво на витамин Д со неколку состојби и болести, како што се малигни заболувања, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и автоимуни болести.*

Витамин Д природно не се наоѓа во многу намирници, но може да се внесе со консумација на млеко збогатено со витамин Д, збогатени житарки и масна риба како лосос, скуша и сардини.

Нашето тело исто така создава витамин Д кога сме изложени на директната сончева светлина. Количината на витамин Д што ја создава самиот организмот зависи од многу фактори, вклучително и од времето во денот, сезоната, географската ширина и пигментацијата на кожата.

Производството на витамин Д може да се намали или да биде целосно отсутно во текот на зимските месеци. Кремот за сончање, иако е важен за да се спречат разни промени на кожата, исто така може да го намали производството на витамин Д.

Доколку постои сомнеж за недостаток на Витамин Д, со едноставен тест преку крвта може да се провери концентрацијата на овој витамин.

Постојат одредени групи лица со поголем ризик за недостаток на витамин Д.**

Доенчиња: Во зависност од тоа дали мајчиното млеко има доволно ниво витамин Д. Мајчиното млеко обично содржи околу 25 IU / L витамин Д.

Постари и возрасни лица: Како што луѓето стареат, кожата не е во состојба да синтетизира витамин Д толку ефикасно, а намалената функција на бубрезите влијае на можноста за конвертирање на витамин Д.

Луѓе со темна кожа: Меланинот во потемна кожа ја намалува можноста за производство на витамин Д од изложување на сончева светлина.

Ограничено изложување на сонце: Елиминира еден од двата можни извори на витамин Д.

Дебелина: витамин Д е растворлив во масти, што не дозволува да циркулира толку слободно.

Друго: Пациентите со бајпас на желудник имаат помала должина на  тенко црево  ( кое е на располагање за апсорпција на витамин Д.)

Одредување на концентрација на Витамин Д во крвта

Нивото на витамин Д може да се измери одделно или како вкупна вредност, но не сите имунолошки анализи имаат иста реактивност кон витамин Д2 и Д3. Некои лабораториски анализи откриваат само еден вид на витамин Д, а други можеби не ја откриваат целосно целата количина.

Во случај на пациент кој се лекува од малапсорпција со висока доза на витамин Д, различната реактивност на одреден тест кон  Д2 и Д3 исто така може да предизвика лошо идентификување на статусот на пациентот. На пример, ако витаминскиот додаток кој го зема пациентот е Д2, веројатно тој (витамин Д2) ја сочинува најголема концентрација на витамин Д кај овие пациенти. Следствено, доколу е користи тест за одредување на Д3, нема или делумно ќе се детектира Д2, што може да резултира со недоволно мерење на вкупната концентрација на витамин Д. Ова може да резултира со неможност да се идентификува пациент со токсични нивоа на витамин Д.

Затоа, најважната вредност на мерењето на витамин Д е крајната вкупна вредност (вкупен витамин Д), бидејќи ја претставува вкупната количина на 25-хидрокси-витамин Д (и Д2 и Д3) во крвта. Ова осигурува дека пациентите имаат најточен резултат, без оглед на тоа дали земаат суплементи, терапија и друго.

Siemens Healthineers Vitamin D Total assay претставува високосензитивен тест кој врши одредување на вкупната концентрација на Витамин Д во крвта. Тестот се карактеризира со:

-          Клинички точни резултати

-          Тест за витамин Д сертифициран од Цeнтарот за контрола на болести на САД, за доверливи и прецизни резултати.Програмата за стандардизација и сертифицирање на витамин Д на Цeнтарот за контрола на болести на САД (CDC-VDSCP) ја проценува точноста и веродостојноста на тестовите за витамин Д со користење на утврдени процедури и ги потврдува оние што имаат одредена точност и прецизност.***

-          CЕ-IVD сертифициран тест, комплетно автоматска обработка

-          Вкупните референтни вредности на Atellica IM и ADVIA Centaur Vitamin D се утврдени во согласност со упатството CLSI EP28-A3c со примероци од серум кај возрасни и деца.*

 

 Прочитајте повеќе за тестот директно од производителот тука.

 

* Dietary Supplemental Fact Sheet: Vitamin D. Office of Dietary Supplements. National Institutes of Health. Updated 11/13/2009. Accessed 08/17/2010.

** Bringhurst FR, et.al., “Bone and Mineral Metabolism in Health and Disease”; Chapter 23 of “Harrison’s Endocrinology”, J. Larry Jameson, editor, McGraw-Hill Medical Publishing Division, copyright 2006.

*** https://www.cdc.gov/labstandards/vdscp.html(VDSCP: Vitamin D Standardization-Certification Program)

Архива за новости