Close
Пребарување
Filters

Серолошки тестови за антитела кон COVID-19

Имунолошките тестови за антитела играат клучна улога во справување со пандемијата. За разлика од вирусната РНК, која не се детектира по закрепнувањето од инфекција, антителата кон SАRS-CoV-2 може да останат во крвта на неодредено време и да бидат откриени кај пациенти кои се опоравиле од вирусот или не знаеле дека го носат.

ДИЈАГНОЗА ВО РАНА ФАЗА НА ЗАБОЛУВАЊЕТО

Појавата на антитела значи дека организмот бил во контакт со вирусот и се активирал имунолошкиот систем на организмот. Вообичаено, први се јавуваат IgM и IgA антителата, околу 5-7 дена по контактот со вирусот, а IgG антителата околу 14 дена од контактот со вирусот.

ОТКРИВАЊЕ НА АСИМПТОМАТСКИ ПАЦИЕНТИ

Ќе се откријат лицата кои немаат или немале никакви симптоми, а биле во контакт со вирусот.

ПАЦИЕНТИ СО КЛИНИЧКИ СИМПТОМИ, ПРИ НЕГАТИВЕН МОЛЕКУЛАРЕН ТЕСТ

Постојат случаи кога од повеќе причини, молекуларниот тест може да биде лажно негативен. На овој начин, имунолошкиот тест ќе помогне во разрешување на многу дилеми.

СЛЕДЕЊЕ НА ТЕКОТ НА БОЛЕСТА и ФАЗА ВО КОЈА СЕ НАОЃА БОЛЕСТА

ПРОГНОСТИЧКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ТЕКОТ НА БОЛЕСТА

Постојат клинички студии кои наведуваат дека значително зголемена концентрација на двата типа антитела се поврзувасо полош тек на болеста и полош исход.

СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕЛЕЖАНА ИНФЕКЦИЈА

Детекција на IgG антитела, при негативен молекуларен тест укажува дека веројатно сме биле во контакт со вирусот во минатото или сме ја прележале инфекцијата без симптоми.

СЛЕДЕЊЕ НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА ДЕЛ ОД ПОПУЛАЦИЈАТА НА ВИРУСОТ (пр.здравствени работници)

 Со овие тестови се дава можност за тестирање на дел од популацијата, заради информацијата дали лицата биле во контакт со вирусот

МОЖНОСТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ПЛАЗМА ЗА ТЕРАПЕВТСКИ ЦЕЛИ ОД ПАЦИЕНТИ СО ПРЕЛЕЖАНА ИНФЕКЦИЈА

Концентрацијата на антитела во крвта на пациенти кои ја прележале болеста е клучна за да се направи селекција на пациенти кои се погодни донори на конвалесцентна плазма.

ПОМОШ ВО ПРОЦЕНКА НА ОДГОВОРОТ КОН ВАКЦИНА ЗАCOVID-19

 

Не се сите тестови за антитела исти!

 

1. Тест за вкупни IgG антитела кон SARS-CoV-2

Вирусoт SARS-CoV-2 обично стимулира имунолошки одговор со создавање многу антитела кои дејствуваат како армија за да помогнат во борбата против вирусот и овие антитела се насочени кон различни протеини од самиот вирус (антитела кон „S” протеин, „N” протеин и сл.). Овој тип на тест дава одговор за вкупните IgG антитела кои се создадени по контакт со вирусот (прележана болест со или без симптоми).

2. Тест за неутрализирачки IgG антитела кон SARS-CoV-2

Мала подгрупа од создадените антитела се способни за неутрализација на самиот вирус, односно, мал број од овие антитела можат да го блокираат вирусот и на тој начин да спречат да зарази дополнителни клетки.

Неутрализирачките антитела кон SARS-CoV-2 се клучни во борбата против COVID-19 затоа што тие ги бранат клетките од инфекција со вирусот. Затоа, вакцините кои се користат во светот и кај нас имаат за цел да ги произведат токму овој тип на антитела во организмот на човекот.

Овие неутрализирачки антитела може да се развијат како одговор на природна инфекција или како одговор на вакцинација, а потоа последователно се врзуваат за вирусот и ја оневозможуваат инфекцијата.

Тестот за неутрализирачки SARS-CoV-2 IgG антитела докажано ги мери токму овие неутрализирачки антитела (кон „S-RBD” фрагментот) и дава информација за нивната точна концентрација.

Архива за новости