Во текот на месец септември и првата половина на октомври 2011г., Авицена одржа циклус на предавања на тема „ Pneumoslide-типично решение за атипични патогени”, во неколку поликлиники во Здравствениот Дом на Скопје и тоа:
– 15.09.2011, поликлиника Јане Сандански
– 22.09.2011, поликлиника Бит Пазар
– 13.10. 2011, поликлиника МВР
– 14.10.2011, поликлиника Ѓорче Петров
На предавањата присуствуваа лекари од повеќе специјалности- доктори по општа медицина, педијатри, интернисти, специјалисти по трудова медицина и др.
Целта на предавањата беше да се истакнат карактеристиките, предностите и практичната употреба на веќе добро познатиот Pneumoslide-тест со кој се врши истовремена детекција на 9 причинители на респираторни инфекции одеднаш.
Овие предавања уште еднаш ни овозможија заедничко дружење, како и меѓусебна размена на стручните знаења и искуства од областа на современата лабораториска медицина.

