Задоволство ни е да Ве информираме дека Авицена беше активен учесник на Седмиот Балкански Конгрес на микробиолози, кој се одржа во Белград, Р.Србија, во периодот од 25-29.10.2011 година.
Во наша организација, се реализираше групно патување, сместување и учество на конгресот за најголемиот број на доктори – специјалисти по микробиолoгија, од територијата на целата држава.
Ова заедничко патување на сите ни овозможи активно да се запознаеме со новите трендови и достигнувања во клиничката и индустриската микробиологија. Секако, меѓусебното дружење и стекнувањето на нови пријателства беа неизоставен дел од целото патување.