Реномираниот производител на хематолошки анализатори Boule AB од Шведска, чиј екслузивен застапник за територијата на Р.Македонија е Авицена, лансираше нова линија на бројачи на крвни елементи, посебно наменети за трансфузиолошките лаборатории.
Се работи за уникатни карактеристики на самиот инструмент и софтвер, кои се однесуваат на:
Пред донирање на крв
– Одредување на концентрација на хeмоглобин кај донорот.
– Одредување број на тромбоцити.
– Одредување на број на леукоцити, за евентуално присуство на инфекција кај донорот.
Одлична можност за контрола на квалитет за концентрацијата на тромбоцити
– Проверка на концентрација на тромбоцити во ќесите за оптимален „pooling“.
– Точно дефиниран број на тромбоцити во секоја ќеса со концентрирани тромбоцити.
– Линеарност на тромбоцити до 5000 х 109/L.
– Единствена апликација за мерење на високи концентрации на тромбоцити.
– Резултати со хистограми, кои се добиваат на дисплејот за 50 секунди.
Користење на MPA (микрокапиларен адаптер)-нема трауматизирање на вените кои се потребни за донација
– Резултат за комплетна крвна слика од една капка крв.
– Резултат за една минута.
– Уникатна карактеристика за анализирање на капиларни примероци на крв.

Micro Pipette Adapter (MPA)
MPA системот овозможува анализирање на капиларни примероци директно, без претходно разредување. Не се потребни вакуети ниту каква било друга подготовка на примерокот. Директно се аспирира 20 микролитри на крв во пластична капиларна епруветка со K2EDTA.
Инструмент со 16 Параметри:
RBC, MCV, HCT, HGB, MCH, MCHC, RDW%, WBC, LYMa, MIDa, GRANa, LYM%, MID%, GRAN%, PLT, MPV.
Дополнителни параметри за инструмент со 20 параметри:
RDWa, PDW, PCT, LPCR