Задоволство ни е да Ве информираме дека Авицена организираше предавања на тема:
„Обезбедување на контрола на квалитет во микробиолошка лабораторија во согласност со ISO 17025 стандардот ”
Предавањата се одржаа во просториите на новоизградениот објект на фирмата Авицена, и истите се одвиваа по следниот распоред:
1. Обезбедување на квалитет на резултатите на микробиолошките анализи
Предавач: м-р Деан Јанкуловски, Факултет за ветеринарна медицина, Скопје
2. Контрола на условите на околината во микробиолошка лабораторија
Предавач: м-р Деан Јанкуловски, Факултет за ветеринарна медицина, Скопје
3. Употреба на кванитативни референтни микроорганизми во контрола на квалитет во микробиолошка лабораторија
Предавач: Марија Митевска, спец.по индустриска микробиологија, Авицена
4. Брзи валидирани тестови за контрола на работни површини
Предавач: Марија Митевска, спец.по индустриска микробиологија, Авицена
Актуелноста на проблемот со обезбедување на контрола на квалитет при процесот на акредитација, како и атрактивноста на содржината на самите предавања беа повод за присуство на сите поканети гости.
Овој работен состанок на големо задоволство на сите присутни, беше плоден и едукативен, и овозможи заедничка размена на искуства и знаења, како и меѓусебно дружење.
