Задоволство ни е да Ве информираме дека на ден 29.03.2012 год., Авицена организираше предавања на тема:
„Значење на интерната контрола на квалитет во производството на храна во согласност со HACCAP концептот ”
Предавањата се одржаа во просториите на новоизградениот објект на фирмата Авицена ( ул.Качанички пат 79, инд.зона Визбегово, Скопје) и тоа:
1. Значење на интерната хемиска и микробиолошка контрола во процесот на производство
2. Современи тестови за хемиска контрола на храна
3. Различни концепти за микробиолошка контрола на храна

На предавањето беа присутни преставници од различни сегменти на индустријата, и тоа: производители на пакувана вода, млечна индустрија, месна индустрија, обработка на зеленчук и овошје, производители на кондиторски производи и друго.
Посебен интерес кај слушателите предизвикаа валидираните тестови на r-biopharm, Германија ( Rida-Check, Rida Count, тестовите за детекција на микотоксини), како и палетата на тестови на производителот Dr.Hach-Lange од Германија.