Авицена дијагностика беше генерален покровител на 40-тите Октомвриски средби и V-тиот Конгрес на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на РМ со меѓународно учество, кои се одржаа во Охрид, во периодот од 03-07.10.2012 год.
Во рамките на Средбите, беше одржан и Симпозиум на микробиолози, во организација Здружението на микробиолози на РМ. На овој симпозиоум, Авицена зема активно учество сo предавање на тема: „ Иновативна Multiplex Reat-Time PCR технологија во детекција на различни патогени”.
Во рамките на самите Октомвриски средби, активно учество со свои постер презентации земаа и вработените од Авицена Лабораторија, при што учесникот Влатко Николовски доби прва награда за најдобра постер презентација на Средбите и Конгресот.
Овие традиционални средби овозможија активна размена на нови искуства и достигнувања во рамките на медицинската лабораториска дијагностика на присутните од целиот балкански регион. Како и секоја година, дружењето и културно-забавните активности беа неизоставен дел и од овие традиционални средби.

