Select Page

Во периодот од 05-07.04.2013 год., Авицена беше организатор на работилница, која ги опфати сите аспекти на респираторните инфекции- причинители, клинички аспекти на заболувањата, современи тестови и методи за дијагноза и третман.

На оваа работилница учествуваа доктори специјалисти микробиолози и пулмолози. Предавачи беа поканети професори од земјава и странство.

Посебен интерес побуди предавањето на Др.Jose Rojas од Шпанија, кој даде опсежен преглед на постоечките методи и тестсови за дијагноза на  респираторни инфекции од производителот Vircell од Шпанија, со акцент на Pneumoslide и атипичните пневмонии.

Присустните се вклучија во дискусијата, со своите искуства и резултати со тестот PNEUMOSLIDE.

Како и секогаш, заедничкото дружење и забава беа неизоставен дел и од ова патување.