Во периодот од 28 – 31.05.2014 година во Охрид се одржа V-от Конгрес на микробиолозите на Македонија, каде Авицена зеде активно учество, а воедно беше и еден од спонзорите на настанот.
На Конгресот беа застапени одбрани пленарни предавања, симпозиуми, тркалезни маси, усни и постер презентации од широкото поле на микробиологијата.
Присуствуваа микробиолози од сите области и доктори кои се вклучени во дијагностика, терапија и превенција на инфекции и инфективни болести.
Учество земаа и експерти од САД, Франција, Данска, Португалија, Русија, Словенија, Белгија, Холандија, Бугарија, Србија, што се покажа како одлична можност за размена на искуства и презентација на најновите откритија на микробиологијата/МИА.
Посебно внимание на Конгресот побуди предавањето на стручниот тим на Авицена дијагностика во соработка со поканетиот гостин Frédéric Martinez- Business development Manager at Neogen Corporation, USA. Одржаното предавање беше на тема:
„
Микробиологија со брзина на светлината “.
Главен акцент во предавањето беше даден на:
SOLERIS и ANSR – како најнови и најсовремени системи за едноставна, брза и прецизна детекција на микробиолошка контаминација на храна и вода.
AccuPoint 2 – Единствен систем со радиофрекфрентна технологија за мониторинг на хигиена со кој се врши валидација на ефективноста на санитарната програма ( HACCP ) преку мерење на количината на аденозин трифосфат ( ATP ) на површини и течности.
Како и секогаш, дружењето и забавата беа неизоставен дел и од овој настан.



