Select Page

Во периодот од 27.09-02.10.2014 год., дел од тимот на Авицена, заедно со група на лекари специјалисти, беа во посета на компанијата Vircell во Шпанија- реномиран производител на тестови и опрема за микробиолошка дијагностика, со кој Авицена успешно соработува повеќе од 15 години.

Во рамките на посетата, тимот беше запознаен со сите делови и сектори од процесот на производство, истражување и развој, и продажба на ин витро дијагностичките тестови и опрема од овој производител. Беа одржани и неколку едукативни предавања, во врска со најновите достигнувања и иновации на самиот призводител во рамките на микробиолошката дијагностика.

И секако, целата група имаше можност да ужива и во културното и историско богатство на Гранада, со посета на неколку значајни места и објекти во околината.