Select Page

На 22.12.2014 година, во просториите на Клуб на Органите на Управата ( Клуб на пратеници) во Скопје, се одржа редовен стручен состанок на Здружението на микробиолози на Македонија (ЗММ). Состанокот беше акредитиран од МЛД и Лекарската Комора на Македонија и се одвиваше по следнава програма:

1. Увеит предизвикан од Mycoplasma pneumoniae 

    Д-р Биљана Ќурчиќ – Трајковска
    Клиничка болница Аџибадем Систина, Скопје

2. Legionella – клинички и дијагностички аспекти 

    Д-р Дугаѓин Османи
    Институт за јавно здравје, Скопје

3. Cryptosporidium – јавно здравствен проблем? 

    Д-р Ерјона Шаќири
    Институт за јавно здравје, Скопје 

4. Извештај од работата на 5. Конгрес на микробиолозите на Македонија  со меѓународно учество, одржан во мај 2014 година во Охрид

     Д-р Гордана Јанкоска, Претседател на ЗММ

Дружењето и забавата беа составен дел на настанот, а Авицена дијагностика традиционално како и секоја година беше покровител на настанот и организираше пригоден коктел на крајот од предавањата.