На ден 27.04.2015 год., во хотел Арка , Скопје, се одржа Годишен стручен состанок на Здружението на педијатри на Р.Македонија. Тема на состанокот беше Астмата во детската возраст, новите трендови за нејзино рано дијагностицирање и третман во детската возраст, како и најновите методи за ин витро алерголошки тестови.
На состанокот беше презентиран најновиот тест од третата генерација на ин витро алерголошки тестови- 3gAllergy, на Immulite 2000, од производителот Siemens Healthcare Diagnostics и достапноста на истиот на ЈЗУ УК за детски болести-Скопје.
Стручниот состанок се одвиваше со следниот дневен ред:
13.00-13.15 Регистрација на учесниците
13:15 Отворање на стручниот состанок и обраќање на претседателот на Здружението на педијатри на Р.Македонија, Доц.д-р.сци Аспазија Софијанова.
Стручни предавања:
13:30 Ниска преваленција на астма во Р.Македонија: реалност или субдијагностицираност? Проф.д-р.сци Емилија Влашки Универзитетска клиника за детски болести, Скопје
13:45 Астматската болест- болест на бронхијална инфламација и бронхијална одзивност, Проф. д-р.сци Гордана Баџакова, Аџибадем Систина
14:00 Третман на акутна егзацербација на астма во детска возраст М-р сци Асс.. д-р Илија Кировски, Универзитетска клиника за детски болести, Скопје
14:15 3g Allergy-трета генерација на ин-витро алерготестови и нивна примена во педијатријата, д-р Даниела Наунова Спироска, АВИЦЕНА Дијагностика
14:30 Streptoccocus pneumoniae како предизвикувач на долно респираторни инфекции кај децата. Горица Попова,д-р спец. по мед. микробиологија, Институт за белодробни болести кај децата- Козле.
14:45 Дискусија
15:00 Кафе пауза
15:15 Состанок на здружението на педијатрите на Р.Македонија. Избор на дополнителни комисии во здружението на педијатрите на Р. Македонија
15:45 Доделување на награди
15:50 Коктел
Овој состанок беше уште една можност за осознавање на многу новини во педијатријата, поврзани со сите аспекти на астматската болест кај децата, како и методите за навремено дијагностицирање на алергиските заболувања.