Почитувани, задоволство ни е да Ве информираме дека Авицена дијагностика беше спонзор на Симпозиумот “ХПВ ИНФЕКЦИИ И АСОЦИРАНИ БОЛЕСТИ“ кој се одржа на 6ти Мај 2016 (петок) во хотел “ Холидеј Ин“ Скопје, од 12.00 до 20.00 часот.
Симпозиумот беше во организација на Здружението за ХПВ на Македонија и е акредитиран при МЛД и ЛКМ за континуирана медицинска едукација.
Овој Симпозиум понуди богата програма со врвни предавачи – истакнати имиња од областа на гинекологија и акушерство и молекуларна биологија, кои континуирано придонесуваат за истакнување и рано решавање на проблемите поврзани со ХПВ инфекциите и другите сексуално асоцирани болести.
Во делот за дијагностика на ХПВ инфекциите, Авицена дијагностика имаше своја презентација и изложбен штанд каде беа претставени најсовремените комплетно автоматизирани техники на тестови кои овозможуваат истовремена детекција и генотипизација на Хуман папилома вирус и најчестите сексуално преносливи патогени.
Молекуларната дијагностика игра несомнено клучна улога во навремената детекција, третман и следење на пациентите со ХПВ инфекции, а овој Симпозиум беше одлична можност за споделување на досегашните и надградба на стекнатите искуства и знаења од оваа област.