Select Page

Со задоволство Ве информираме дека на ден 18.05.2016 год., по извршената контрола и проценка од стручни лица од централното седиште на Siemens Healthcare Diagnostics,  Авицена дијагностика доби потврда – СЕРТИФИКАТ за APPROVED SERVICE PARTNER FOR HEALTHCARE (Laboratory Diagnostic, Point Of Care) за територијата на Р.Македонија.​
 
Ваквиот тип на сертифицирање, а подоцна и годишни контроли, се изведува по строго дефинирани критериуми, стандарди и норми кои треба да бидат задоволени од страна на овластениот дистрибутер на SIEMENS, како и принципи кои се еднакви за сите земји, вклучувајќи ги тука САД, Канада, Јапонија и државите во Европа. Со тоа се потврдува еднакво стручно знаење, следење на светски пропишани процедури и стандарди и висококвалитетна услуга кон крајните корисници.  
 
Со добивање на овој сертификат се потврдува дека техничката подршка (сервисот) на Авицена во целост работи по процедури, стандарди и на исто стручно ниво како техничката подршка на SIEMENS во целиот свет. Ова, меѓу останатите работи подразбира и: 
 
– Стручно обучен кадар во центарот за обуки на SIEMENS за секој апарат поединечно 
– Лагер листа на резервни делови според светските стандарди на SIEMENS за секој тип на апарат и во зависност од бројот на инсталирани апарати 
– Автоматско компјутеризирано следење на состојбата, целосната историја и сите зафати за секој апарат во Р.М.(како превентивни одржувања, така и поправки). 
 
Овој сертификат претставува уште една потврда (овој пат директно од SIEMENS) која ќе ја нагласи и обезбеди досегашната препознатливост, прифатеност и признание за квалитетот и високопрофесионалниот однос кон нашите клиенти и крајни корисници на производите на Siemens Healthcare Diagnostics.  
 
Се надеваме дека со ова, направивме уште еден чекор понапред во подобрување на услугите кон нашите соработници.  
 
Со почит, 
Тимот на Авицена дијагностика