Select Page

Тимот на Авицена дијагностика учествуваше на првата Школа на здружението на педијатрите на Република Македонија, која се одржа од 12 – 16 Октомври 2016 год во хотел Александар Палас во Скопје.

Овој собир во организација на Здружението на педијатри на Р. Македонија имаше за цел да даде акцент на различни теми кои се важни за педијатрите и за сите што работат со детската популација. 

Научнaта програма вклучуваше компилација од предавања дизајнирани да побудат интерес како кај педијатрите, така и кај општите лекари со цел да се обезбеди квалитетна здравствена заштита на децата.

И на овој Конгрес Авицена беше присутна со свој изложбен штанд каде беа презентирани најновите дијагностички тестови и методи насочени за превенција и навремено дијагностицирање на различни заболувања кај децата.