Select Page

Почитувани,

Ве информираме дека на 03.10.2017 во организација на Авицена, Здружение на лекари „Примариус“ и ЦЈЗ Кочани беше одржан стручен состанок на тема „Атипични респираторни инфекции“.

Овој состанок беше акредитиран од Лекарската Комора како стручен состанок и ги опфати сите аспекти на респираторните инфекции – причинители, клинички аспекти на заболувањата, современи тестови и методи за дијагноза.

На овој состанок кој се одржа во ресторан Амор во Кочани приствуваа над 70 доктори.

Посебен акцент беше даден на тестот Pneumoslide од производителот Vircell од Шпанија, за дијагноза на атипични респираторни инфекции. Workshop-овите на еминентни светски производители на лабораториска техничка опрема нудеа можност за запознавање со најновата технологија од областа на биохемијата со која најквалитетно, најточно и по стандарди ќе се добијат конечните резултати.

Богатата програма, размената на искуства и активните дискусии овозможија збогатување и проширување на знаењата, кој ќе бидат од корист во секојдневната лабораториска пракса.