Суштинската улога на клиничките лаборатории во оваа пандемија не е само во тестовите за детекција на самиот вирус, туку и во следење на пациентите во секоја фаза на заболувањето.
Биохемиското следење на пациентите со COVID-19 со помош на лабораториски тестови е клучно за проценка на сериозноста и прогресијата на болеста, како и за следење на третманот. Одредени лабораториски тестови се поврзани со неповолна прогресија на COVID-19 и даваат важни прогностички информации.
Подолу е вклучена препорачана листа за лабораториски тестирања заснована на тековната литература (International Federation of Clinical laboratories IFCC) заедно со главните лабораториски абнормалности, кај возрасни пациенти со COVID-19.
Посебно е важно да се истакне дека покрај најчестите рутински лабораториски тестови, новите докази сугерираат дека пациентите со тежок COVID-19 може да бидат изложени на ризик од синдром на цитокинска бура.
Тестовите за цитокини, особено тестот IL-6, треба да се користат каде што е можно за да се процени состојбата кај тешко болните пациенти со COVID-19.
ЛАБОРАТОРИСКА АНАЛИЗА | Најчести ОТСТАПУВАЊА кај COVID-19 |
Комплетна крвна слика | Зголемен број на неутрофили (леукоцитоза со неутрофилија)Намален број на лимфоцитиНамален хемоглобинНамален број на тромбоцити |
CRP ( Ц-реактивен протеин) | Зголемување – маркер за воспаление |
ASAT, ALAT | Зголемување –ензими за функција на црниот дроб |
LDH | Зголемување – маркер за црниот дроб или мултиорганско зафаќање |
Уреа, Креатинин | Зголемување- маркери за бубрежна функција |
Вкупен билирубин | Зголемување –зафаќање на функција на црн дроб |
Албумин | Намалување – зафаќање на функција на црн дроб |
Д-димер | Зголемување – знак за активација на системот за коагулација |
PT, aPTT | Зголемување – знак за активација на системот за коагулација |
Прокалцитонин | Зголемување – маркер на бактериска инфекција (суперинфекција), диференцијација помеѓу вирусна или бактериска инфекција |
Феритин | Зголемување – маркер на воспаление |
Интерлеукин 6 (IL-6) | Зголемување – маркер за воспаление, предиктор на цитокинска бура |
Срцев Тропонин, CK-MB | Зголемување – маркер за оштетување на срцевиот мускул |
Гасни анализи | За проценка на оксигенација и прилагодување на вентилација |