Select Page

Недостатокот  на витамин Д е глобален проблем, кој се проценува дека влијае на една седмина од светската популација.

Витаминот Д е хормон растворлив во масти, кој е вклучен во цревната апсорпција на калциумот и регулирањето на калциумот. Тој игра витална улога во формирањето и одржувањето на силни, здрави коски.

Недостаток на витамин Д одамна е поврзан со рахитис кај деца и остеомалација кај возрасни, а долгорочниот недостаток на калциум и витамин Д доведува до остеопороза. Сепак, во последниве години, се повеќе се истакнува улогата на витамин Д како индикатор за општата здравствена состојба и има повеќе студии што поврзуваат недоволно ниво на витамин Д со неколку состојби на болести, како што се малигни заболувања, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и автоимуни болести.

Недостатокот на витамин Д е статистички поврзан со разни видови на малигни болести, дијабетес, мултиплекс склероза, кардиоваскуларни и автоимуни заболувања.

25 експерти од различни медицински дисциплини имаат објавено препораки за одговор на потребите за кој и кога треба да направи тест за витамин Д и кој и кога треба да зема дополнителни суплементи со витамин Д.

Експертите ги имаат поделено клиничките состојби во две области (Табела 1):

(1) Класични состојби – нивото на докази е високо, засновано на бројни рандомизирани контролирани студии.

(2) Некласични состојби – нивото на докази постојано се зголемува.

Без оглед на групата, експертите препорачуваат тестирање на витамин Д за пациенти кои имаат ризик за развој на болест или со веќе развиена болест.

Табела 1

Клинички состојби за тестирање на Витамин Д

КласичниНекласични
Лица со остеопороза или изложени на ризик за развој на остеопорозаКардиолошки состојби
– Хипертензија
Постари лица со неодамнешен падАвтоимуно заболување
Бремени жениВисок ризик за автоимуна болест
Хронично заболување на бубрезитеПочеток на третман со кортикостероиди кај автоимуна болест
ТрансплантацииОнколошки третман
Состојби / третмани кои доведуваат до губење на коскена маса
Дебелина
Дијабетичари
Хоспитализација
Болки или болки во коските / мускулите

Витамин Д природно не се наоѓа во многу намирници, но може да се внесе со консумација на млеко збогатено со витамин Д, збогатени житни култури и масна риба како лосос, скуша и сардини.

Нашиот организам исто така создава витамин Д кога сме изложени на директната сончева светлина.

Количината на витамин Д што ја создава самиот организмот зависи од многу фактори, вклучително и од времето во денот, сезоната, географската ширина и пигментацијата на кожата. Производството на витамин Д може да се намали или да биде целосно отсутно во текот на зимските месеци. Кремот за сончање, иако е важен за да се спречат разни промени на кожата, исто така може да го намали производството на витамин Д.

Возрасните лица не добиваат редовна изложеност на сончева светлина и имаат проблем со апсорпција на витамин Д.

Доколку Вашиот лекар или Вие се сомнева дека не добивате доволно витамин Д, со едноставен тест преку крвта може да се провери нивото на овој витамин.

Siemens Healthineers Vitamin D Total assay претставува восокосензитивен тест кој врши одредување на вкупната концентрација на Витамин Д во крвта. Тестот се карактеризира со:

  • Клинички точни резултати
  • Тест за витамин Д сертифициран од CDC (Center for Disease Control), за доверливи и прецизни резултати*
  • CЕ-IVD сертифициран тест, комплетно автоматска обработка
  • Вкупните референтни вредности на Atellica IM и ADVIA Centaur Vitamin D се утврдени во согласност со упатството CLSI EP28-A3c со примероци од серум кај возрасни и деца.

*Програмата за стандардизација и сертифицирање на витамин Д на Цeнтарот за контрола на болести на САД ( CDC-VDSCP) ја проценува точноста и веродостојноста на тестовите за витамин Д со користење на утврдени процедури и ги потврдува оние што имаат одредена точност и прецизност.